Исхрана е внесување на храна неопходна за живот. Животните со храната
внесуваат готови органски материи: шеќери, белковини, масти, масла и
витамини и неоргански материи: вода и минерални соли. Растенијата сами
си создаваат храна па затоа се наречени произведувачи, а животните кои
користат готова органска храна и се наречени потрошувачи. Според начинот
на исхраната и според видот на храната што ја земаат животните се
групирани во три групи: тревојади, месојади и сештојади.
- Тревојадите се животни кои се хранат со растителна храна (трева, плодови, семки, корења и друго). Во оваа група спаѓаат: говедото, овцата, срната, зебрата, коњот и други.
- Месојадите се животни кои се хранат со месото и крвта од животните. Тоа се брзи животни со добро развиени сетила, остри канџи и заби за полесно ловење на пленот. Во оваа група спаѓаат: лавот, тигарот, куната, волкот, лисицата и други.
- Сештојади се животни кои се хранат со растителна и животинска храна. Во оваа група спаѓаат голем број животни. Еве некои од нив: ракот, мечката, птиците, жабите и други.
Нема коментара:
Постави коментар