недеља, 22. септембар 2013.

Исхрана на животни

Исхрана е внесување на храна неопходна за живот. Животните со храната внесуваат готови органски материи: шеќери, белковини, масти, масла и витамини и неоргански материи: вода и минерални соли. Растенијата сами си создаваат храна па затоа се наречени произведувачи, а животните кои користат готова органска храна и се наречени потрошувачи. Според начинот на исхраната и според видот на храната што ја земаат животните се групирани во три групи: тревојади, месојади и сештојади.
  • Тревојадите се животни кои се хранат со растителна храна (трева, плодови, семки, корења и друго). Во оваа група спаѓаат: говедото, овцата, срната, зебрата, коњот и други.
  • Месојадите се животни кои се хранат со месото и крвта од животните. Тоа се брзи животни со добро развиени сетила, остри канџи и заби за полесно ловење на пленот. Во оваа група спаѓаат: лавот, тигарот, куната, волкот, лисицата и други.
  • Сештојади се животни кои се хранат со растителна и животинска храна. Во оваа група спаѓаат голем број животни. Еве некои од нив: ракот, мечката, птиците, жабите и други.

Диви животни во Македонија

Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец,гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.
и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб,гугутка и др. Од влечугите најмногу населени се желките.

субота, 21. септембар 2013.

Животни

Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без’рбетници и ’рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.